Велкоски го „чекира“ билетот на Сараево за пласман во финалето на Купот!

Македонскиот репрезентативец, Крсте Велкоски беше стрелец во Куп-триумфот на Сараево против Тузла Сити (3-1). Екипата од главниот град на Босна и Херцеговина се пласира во финалето, откако во двомечот победи со вкупни 4-1. 

На денешната средба во Сараево, Тузка успеа да поведе преку Бркиќ во 55. минута од натпреварот, за надеж и израмнување на вкупниот резултат. Месановиќ и Хебибовиќ за само две минути донесоа пресврт и водство, а во завршницата Велкоски ја „чекира“ картата за финалето со погодок.

За Велкоски ова беше трет погодок оваа сезона, прв во Купот на БиХ, а има два и во Премиер лигата на оваа земја. Тој стандардно добива повици во репрезентативниот табор на Игор Ангеловски, но не е првотимец и често е на клупата во Македонија.