Седлоски го доби реваншот, но Велкоски го крена Куп-пехарот во БиХ

Екипата на Сараево се радува на Куп-трофејот во Босна и Херцеговина, по двомечот кој го играше со Широки Бријег, тим предводен од македонскиот стратег Гоце Седлоски.

Сараево го доби првиот натпревар со убедливи 3-0, додека во вториот кој се играше на теренот на Широки Бријег загуби минимално, па со вкупни 3-1 дојде до титулата.

Тимот на Седлоски беше немоќен за сензација, против екипата во чии редови има еден македонски репрезентативец - Крсте Велкоски. Единствениот погодок на мечот беше дело на Багариќ во 23. минута од средбата.

За Сараево ова беше шеста титула во Купот на Босна и Херцеговина.