Екипата на Арсенал е пред пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, затоа што во најефикасниот натпревар на вечерта во европската елита, на гости кај ПСВ Ајндховен славеше со убедливи 1-7 (1-3). Реваншот во Лондон е за осум дена и само чудо може да го остави англискиот тим без место меѓу најдобрите осум во Европа.