• Горан Упале

Арсенал практично го обезбеди пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите со многу убедливата победа на гости кај ПСВ, а семафорот на крајот од првиот меч на „Филипс Арена“ во Ајндховен покажа резултат 1-7 (1-3).
„Ова е она што го сакаме, знаете? На крајот на краиштата, тоа е прашање на имплементација. Денеска бевме исклучителни во таа смисла. Зборувавме пред натпреварот дека ова е клучно во Лигата на шампионите. Мора да доминирате во шеснаесетникот.
Тоа е убавината на фудбалот. Никој во оваа соба, да ви дадам плик и да ви кажам да предвидите што ќе се случи утре, кој ќе даде голови... Ќе се фатиме за работа, ќе бидеме скромни, ќе анализираме како можеме да се подобриме бидејќи следниот натпревар може да биде сосема поинаков од претходниот. За жал, никој не може да го напише сценариото, иако ние би сакале“, рече 42-годишниот Артета.
Арсенал досега двапати победил со 7-0 во европските натпреварувања - против Стандард Лиеж на гости во 1993 година во Купот на победниците на куповите и Славија Прага на „Емирати“ во 2007 година во групната фаза од Лигата на шампионите.
Англискиот претставник во четвртфиналето ќе се судри со подобриот од мадридскиот дуел, во кој Реал има гол предност по првиот натпревар со Атлетико Мадрид.