• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Мексико го крена трофејот во КОНКАКАФ Лигата на нациите, откако во финалето славеше против селекцијата на Панама со 2-1 (1-1). Мексиканците за првпат го освоија ова ново натпреварување во Северна и Централна Америка, бидејќи досега трофејот го креваше само селекцијата на Соединетите Американски Држави во трите досегашни изданија.
- Извештај од натпреварот:
Резултатот на средбата одиграна на „СоФи стадион“ во Инглвуд, Калифорнија го отвори Раул Хименез, кој во осмата минута погоди со глава по нафрлување од Алварадо. Имаше Мексико предност до пред крајот на полувремето, а тогаш Панама доби пенал. Одговорноста ја презеде Адалберто Караскиља и реализира за 1-1 во 47. минута од средбата.
Мексиканците беа апсолутно доминантни во второто полувреме, беа позаинтересирани за напад и го притиснаа ривалот. Сепак, долго време мрежите мируваа и единствениот гол во вториот дел падна во судиското продолжение.
По игра со рака Мексико доби пенал, одговорноста ја презеде Раул Хименез и стрелаше за 2-1, победа и трофеј за својата нација.