Како и многу други фудбалски теми во Јужна Америка, така и нивното континентално натпреварување Копа Америка е уникатно. Зошто е тоа така? Овој шампионат иако од втората половина на минатиот век официјално има формат за одржување на четири години, постојат доста исклучоци. Така, последен пат четири години за Копа Америка се чекаше од 2011 до 2015. Потоа во 2016 година беше организиран турнирот наречен „Сентенарио“ по повод стогодишнината од првото издание. Се чекаше на нов турнир до 2019, а требаше да има уште еден и во 2020 (беше поместен во 2021 поради ковид-кризата). Сега на ред дојде 48. издание на Копа Америка кое ќе се игра во Соединетите Американски Држави.