Екипата на Беса 1976 направи добар резултат, победи дома со Гостивар (2-1) и така избега по долго време од опасната зона, па се наоѓа на деветтото место, првото кое носи сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Кај Гостивар, алармот е запален, кризата е евидентна, нема да изненади ако во следните денови има уште смени во ростерот, но и на тренерската позиција каде Мерт Нобре е под голем притисок.