Во последниот денешен меч од англискиот ФА Куп премиерлигашот Арсенал, на гости успеа да слави над Престон со 1-2 (1-0). Домашната екипа, иако скоро цело полувреме имаше водство од 1-0, не успеа да ги сопре налетите на „топџиите“, кои пресвртот го најавија на почетокот од вториот дел, кога погоди Рамзи, а го потврдија со голот на францускиот напаѓач, Оливие Жиру.