Рашфорд: Среќен сум за головите, Астон Вила оди на трофејот во ФА Купот!

Маркус Рашфорд беше многу задоволен од изданието на натпреварот со Престон и за медиумите изјави дека неговиот клуб има огромна желба да го освои пехарот во ФА Купот. 

Астон Вила славеше со убедливи 0-3, а двојниот стрелец Рашфорд најави голема борба во следните предизвици. 

„Делувавме стабилно и комотно на теренот. Имавме неколку убави шанси и драго ми е што бевме ефикасни. Секогаш е убаво кога давате голови, не можам да кажам дека не сум среќен. Сакам секогаш да бидам на потребното ниво за мојот тим.

Не знам што ќе донесе иднината, но сигурен сум дека ќе се бориме до самиот крај, сите во екипата го сакаат трофејот. Ќе биде супер-забавно ако го освоиме ФА Купот“, изјави Рашфорд. 

Астон Вила мина меѓу четирите најдобри во најмасовното натпреварување во Англија. Противник во полуфиналето ќе ѝ биде тимот на Кристал Палас

Состави

Paul Heckingbottom

3-5-2

    Унаи Емери

    4-2-3-1