ВИДЕО: Се случи невозможното во Мадрид, Атлетико по 2-0 прими ЧЕТИРИ гола од Барса!

На „Ванда Метрополитано“ вечерва се случи невозможното – Атлетико Мадрид загуби по водство од 2-0. Во дербито на колото во Примера избраниците на Чоло Симеоне имаа сигурна предност од два гола против Барселона, но каталонскиот тим со чудесен пресврт се избори за голема победа од 2-4. 

За гигантот од Мадрид ова е втор голем удар за само неколку дена, откако претходно по изведувањето на пеналите забележа елиминација од Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал Мадрид. 

Алварез и Сорлот го доведоа домашниот тим до водство од 2-0, а кога Атлетико на Симеоне има таква предност, речиси никогаш не ја прокоцкува. Но, така не беше и вечерва. Барса за само шест минути постигна два гола (Левандовски и Феран Торес) и израмни на 2-2, додека пресвртот на гостите го потврди Ламин Јамал со погодок во втората минута од продолжението. Toчка на натпреварот стави Феран Торес со својот втор вечерашен погодок, за конечни 2-4.

  • Извештај од натпреварот:

Со оваа победа Барселона се врати на лидерската позиција на табелата со ист број на бодови како Реал Мадрид, но и натпревар помалку. Атлетико Мадрид е трет со четири бода помалку од водечката двојка. 

Попладнево Хетафе славеше во Памплона против Осасуна со 1-2, а во Ваљекас екипите на Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад играа 2-2.