• Зоран Мишевски

Драматичната трка со три кандидати во шпанскиот фудбал продолжува. Барселона синоќа приреди неверојатен пресврт против Атлетико Мадрид, победувајќи со 2-4 на „Метрополитано“, иако заостануваше со 2-0 во првото полувреме.
Победата беше исклучително важна за Каталонците, а тренерот Ханси Флик не го криеше задоволството од настапот на тимот.
„Одигравме добро, но наивно примивме два гола. И покрај тоа, тимот покажа одличен менталитет. Се боревме напорно и создадовме многу шанси. Среќен сум за тимот и за нашите навивачи.
Ќе се бориме да ја освоиме титулата во Примера. Тоа е нашата цел“, изјавил Флик.
По репрезентативната пауза Барса ќе го игра каталонското дерби со Џирона, а потоа следи нов дуел со Атлетико Мадрид во полуфиналето на Купот на Кралот (на првиот натпревар во полуфиналето беше 4-4).