И едните и другите имаат амбиции, само што одамна се различни. Манчестер Сити го дочекува градското дерби со императив за победа бидејќи во спротивно ќе загуби чекор со Ливерпул во шампионската трка, додека Јунајтед триумф на „Итихад“ го остава со надеж дека и следната сезона може да игра во групите на Лигата на шампионите.
Гледано стриктно низ призмата на резултатите, би се кажало дека и едните и другите се во одлична форма. Факт е дека Јунајтед и покрај тоа што има само еден пораз во 2024 година е многу ранлив, што го потврдува и податокот дека на последните пет првенствени натпревари ривалите во просек имаа по 20 шута кон нивниот гол.