• Иван Димовски
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед први дојдоа до гол во дербито против Манчестер Сити на „Итихад“ преку Маркус Рашфорд. По примениот погодок, „граѓаните“ во целост се наметнаа и го притиснаа ривалот, а до полувремето не искористија неколку шанси.
Сепак, најлудото промашување го имаше Ерлинг Халанд. Во финишот на полувремето Родри нафрли на втора статива до Фоден, овој со глава префрли до осамениот Норвежанец, кој иако небранет од само неколку метри ја префрли топката преку пречката.
- Промашувањето на Халанд против Манчестер Јунајтед:
Навивачите беа во шок, Халанд не искористи шанса пред празниот гостински гол, нешто што не е својствено за напаѓач од негов калибар.