• Саше Љолес

Корејскиот репрезентативец од редовите на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае, доживеа повреда на ахиловата тетива и ќе мора да отсуствува од терените најмалку две до три недели, јавија германските медиуми.
Оваа информација доаѓа во незгоден момент за тренерот Винсент Компани, кој ќе го подготвува тимот за четвртфиналниот двомеч со Интер во Лигата на шампионите. Првиот натпревар е закажан за осми април, но не е познато дали Ким ќе успее навреме да биде фит за настап.
Ким пристигна во Баерн Минхен пред две години од италијанскиот Наполи и досега одигра 73 натпревари во дресот на баварскиот гигант.