• Мартин Танасковски

Екипите на РБ Лајпциг и Борусија Дортмунд го одиграа последниот дуел на денот во Бундеслигата, а мечот заврши со победа од 2-0 (1-0) на домашната екипа.
Дортмунд на гостувањето имаше повеќе од играта и создаде многу шанси, но бодовите ги освои РБ Лајпциг и така ја прекина црната серија од четири средби без триумф во германската Бундеслига.
- Извештај од натпреварот:
Човек на натпреварот беше „џокерот“ Чави Симонс, кој даде гол и асистираше. Холанѓанецот прво погоди во 18. минута по асистенција на Шешко, за потоа во вториот дел, поточно во 48. минута да го проигра Опенда за 2-0. На „Ред Бул Арената“ во Лајпциг блескаше и голманот Гулаши кој заврши со девет одбрани.
РБ Лајпциг е петти во Бундеслигата со 42 бода, во следното коло гостува кај Менхенгладбах. Дортмунд е далеку од најдобрите екипи, моментално е единаесетти.