Франција ја елиминира Хрватска во четвртфиналето од Лигата на нации. По поразот (2-0) во Сплит, „триколорите“ со идентичен резултат славеа во Париз, додека избраниците на Дидие Дешамп мораа да минат низ пенали за да се пласираат меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.
Поранешниот холандски репрезентативец, Франк Де Бур, изјави дека е импресиониран од настапот на Лука Модриќ на натпреварот помеѓу Хрватска и Франција во Лигата на нации.
Лука Модриќ е во последните месеци од договорот со Реал Мадрид. Актуелниот договор со клубот му истекува на крајот на јуни, а желбата на ветеранот е да остане уште една година.
Лука Модриќ ја одушеви светската фудбалска јавност со прекрасниот гол против Џирона, а по мечот италијанскиот тренер Карло Анчелоти не штедеше пофалби за хрватскиот маестро.
Фудбалерите на Реал Мадрид ја дочекаа Џирона во рамките на 25. коло на шпанската Примера. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски тргна од клупата и беше резерва на „Сантијаго Бернабеу“.
Лука Модриќ новогодишната пауза ја искористи за одмор во Дубаи, за да ја посети приватната зоолошка градина „Famepark“, која е во сопственост на милијардерот Саиф Белхаса.
Лука Модриќ уште еднаш влезе во историјата на Реал Мадрид, откако стигна до својот 40. погодок во „кралскиот“ дрес, станувајќи највозрасен стрелец во историјата на најтрофејниот клуб.
Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Реал Мадрид, но не и Шпанија. Тамошните медиуми пренесуваат дека ветеранот е пред преселба во редовите на Севиља.
Лука Модриќ и оваа сезона има голема улога во филозофијата на Карло Анчелоти. Хрватскиот ветеран досега одигра 25 натпревари за Реал Мадрид со вкупно 1.111 минути поминати на теренот.
Селекторот на хрватска репрезентација, Златко Далиќ, третпат по ред го бојкотираше гласањето за наградите „FIFA BEST“ поради неговото мислење дека Светската фудбалска асоцијација не ги почитува „коцкестите“ и нивните успеси.
Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, најверојатно ќе ја продолжи соработката со „кралевите“ и ќе остане во шпанската престолнина до 2026 година, јавуваат тамошните медиуми.
Фудбалерите на Реал Мадрид загубија убедливо од Милан (1-3) во четвртата рунда на Лигата на шампионите. Поразот сам по себе не е страшен, но доаѓа по дебаклот во „Ел Класико“ против Барселона (0-4). Поради тоа атмосферата во „кралскиот“ клуб не е сјајна.
Екипата на Барселона го декласира Реал Мадрид со 0-4 на „Сантијаго Бернабеу“. Во првото полувреме на првото „Ел Класико“ сезонава немаше голови, но затоа Каталонците постигнаа четири во второто. Стрелци беа Роберт Левандовски во 54. и 56. минута, Ламин Јамал во 77. минута, а Рафиња во 85. минута.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ е убеден дека неговиот соиграч Винициус Жуниор заслужува да ја освои овогодинешната „Златна топка“ и тој е за него единствен фаворит.
Лука Модриќ покажува дека годините навистина можат да бидат само бројка. Иако наполни 38 години, Модриќ сè уште игра на врвно ниво и не размислува за пензија. Како што пишува шпанскиот весник „Марка“, хрватскиот маестро смислил план кој ќе му овозможи да игра на Светското првенство во 2026 година.
Хрватскиот плејмејкер Лука Модриќ наполни 39 години, но уште не размислува за пензија. Како најтрофеен играч на Реал Мадрид, повторно ја води Хрватска во новите предизвици. Медиумите од Хрватска објавија приказна за минатото на играчот кое е доста интересно.
Хрватската фудбалска репрезентација вечерва во Осиек против Полска ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на нации оваа сезона, а овој дуел е посебен за Лука Модриќ.
Хрватската легенда Лука Модриќ остана уште една сезона во Реал Мадрид и така си ја продлабочи легендата во кралскиот клуб, со тоа што стана најтрофеен играч во историјата на најславниот фудбалски колектив.
Поранешниот славен напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, даде изјава поврзана со Лука Модриќ, за кого смета дека е крајно време да се пензионира, особено ако тоа може да го стори како играч на „кралскиот“ клуб.