Само неколку часа пред да наполни 39 години: Ремек-дело од слободен удар на Модриќ! (ВИДЕО)

Неверојатниот Лука Модриќ не запира да одушевува, особено кога игра во дресот на националниот тим на Хрватска. 

На само неколку часови пред да наполни 39 години, безвременскиот фудбалски виртуоз изведе ремек-дело директно од слободен удар. Модриќ перфектно изведе удар од 17-18 метри, преку живиот ѕид и неодбранливо во гостинската мрежа. 

Хрватите во Осијек ја дочекаа Полска во рамките на второто коло на Лигата на нациите. Модриќ им посака срдечно добредојде со преубав гол во 52. минута.

Инаку, овој натпревар е историски за Модриќ, бидејќи Хрватот го запиша 180 настап за репрезентацијата. Со тоа Модриќ стана втор европеец со најмногу настапи за национален тим, зад Кристијано Роналдо кој има 213.

Состави

Златко Далиќ

4-4-2

    Michal Probierz

    5-3-2