Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, повторно може да заигра за Трабзонспор. Турските медиуми утрово објавија дека тренерот поранешниот турски првак, Шенол Ѓунеш, по натпреварот со Касимпаша, ја прогласил сезоната за загубена. Ѓунеш ќе се обиде да го разбуди тимот со тоа што ќе врати четворица фудбалери и ќе испрати ист број од сегашниот тим надвор од составот.