Барди може да се врати во Шпанија, Трабзон му должи 100.000 евра!

Не продолжуваат написите за македонскиот репрезентативец Енис Барди и неговата иднина. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше поврзуван со Динамо Загреб и Хатајспор, а сега доаѓа уште една информација која најавува можен кам-бек во Шпанија.

За играчот од средниот ред постои интерес од тимот на Леганес кој се натпреварува во Ла Лига, а се наоѓа во долниот дел на табелата, на 15-тата позиција во шпанската фудбалска елита. Информацијата доаѓа од Турција, а ја објави новинарот Ерсан Сердал.

Истовремено, новинарот посочува дека се бара решение за проблемот за исплатата на платите од договорот со Трабзонспор, а се наведува дека клубот на македонскиот фудбалер му должи 100.000 евра.

Барди во Суперлигата оваа сезона настапи на само осум натпревари. Во Трабзон дојде во 2022 година од Леванте, а претходно играше за унгарски Ујпешт, шведски Преспа Бирлик, како и младинските тимови на Брондби и Шкупи.