Победникот на европскиот Суперкуп, Атлетико Мадрид, ја започна сезоната во Примера со реми на „Местаља“ кај Валенсија (1-1). Во свој препознатлив стил, „јорганџиите“ го отворија резултатот во првиот дел, а потоа во обид да ја одбранат стекнатата предност, му дозволија на противникот да ја преземе иницијативата и да стигне до реми.