• Горан Упале

Анхел Кореа, играчот на Атлетико Мадрид, е казнет со пет натпревари неиграње од дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација поради неговото исклучување против Хетафе.
Суспензија од еден натпревар доби поради самиот црвен картон и четири поради навреди кои му ги упати на судијата Гиљермо Куадре Фернандез.
Аргентинецот беше исклучен во 88. минута од натпреварот против Хетафе поради прекршок над противнички фудбалер. Откако судијата Куадру Фернандез му го покажа црвениот картон, Аргентинецот почна вербално да го навредува.
Кореа беше обвинет за „вербално недолично однесување и недолично однесување со навредливи зборови“, и нема да игра за Атлетико на следните пет натпревари. Тој ќе ги пропушти натпреварите во Примера против Барселона, Еспањол, Севиља и Ваљадолид, како и реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот против Барселона.