Дали Интер конечно сезонава ќе го сруши Милан?

Интер оствари голем успех со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, ама воедно себе си натовари и огромен терет на грбот бидејќи е активен во сите три натпреварувања. Составот на Симоне Инзаги немаше време за одмор од реванш мечот со Баерн, бидејќи веќе в недела го чекаше Болоња, а посебно нема да има свежина за полуфиналето со Милан.

Сепак, Нераѕурите имаат позитивен резултат од првиот меч (1-1), поквалитетни се од градскиот ривал, ама мора конечно тоа да го докаѓат на теренот. Неопходно е тимот на Инзаги претходно успешно да ја преброди енергетската криза во која со сигурност ќе се најде за да си овозможи да ја искористи разликата во квалитетот во однос на ривалот.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Интер и Милан

Двата тима веќе четири пати се среќаваа оваа сезона. Милан го доби првото дерби во Серија А (2-1), а потоа го освои и Суперкупот на Италија во Ријад (3-2). Интер избегна нов пораз во првенството на почетокот на февруари поради голот на Де Вриј во 93 минута (1-1), додека во првиот полуфинален меч од Купот на Италија исто така губеше, ама заслужено изедначи преку Хакан Чалханоглу.

Сметаме дека премногу е Интер да не добие ниту едно градско деерби оваа сезона, бидејќи во последните неколку беше подобар ривал на теренот. Време е тоа да се манифестира и низ резултатот, па кец ни е прв знак за типување на овој меч. Голови на двете страни има на шест меча во низа, четири пати беше и ГГ3+, па вреди да се обидете и со овој тип.