Групата Ц на претстојниот ракометен Мундијал ќе ја сочинуваат репрезентациите на домаќинот Данска, Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле и Саудиска Арабија. Данците се големи фаворити за освојување на првото место и секој друг исход ќе биде голем неуспех за нив. Од сенка атак на лидерската позиција и пренесување на повеќе бодови во следната фаза ќе брка и репрезентацијата на Норвешка, а битката за третото место и пласман во следната рунда треба да ја водат Тунис и Австрија.