Словенечката ракометна репрезентација, но и македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, добија лоши вести, поврзани со нивниот ракометар Нејц Цехте. Искусниот десен бек се повреди на денешното соочување со Аргентина и од Загреб пристигнаа првите официјални информации за неговата здравствена состојба.