Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, го освои првиот овосезонски бод во Лигата на шампионите. Во Битола гостуваше фаворизираниот Спортинг, кој може да жали што остана без четврта победа во групата, бидејќи во последната минута прими три гола и дозволи голем бод за домаќинот.