Во првите три натпревари против Спортинг, Савехоф и Бидасоа Ирун, ракометарите на Еурофарм Работник пропуштија шанса да запишат некој бод и да го зачинат дебито во Лигата на шампионите со победи. Сепак, тоа што помина треба да се заборави, иако лекцијата мора да се научи.