Ракометната селекција на Словенија според планот го започна Светското првенство, кое што се одржува во Полска и Шведска. Во рамки од вториот натпревар од групата Б, балканската репрезентација не виде мака против Саудиска Арабија и со убедливи 19-33 (8-16) ги впиша првите бодови на своето конто. Во првиот дуел од оваа група, синоќа, на отворањето на шампионатот, Франција едвај го скрши отпорот на домашната селекција на Полска.