Ракометарите на Струга го совладаа Куманово во натпреварот од второто коло во плеј-аутот на македонската Суперлига со 26-24. Гостите не се предадоа до самиот крај и внесоа голема драма во завршната минута, но сепак стружани останаа фокусирани и ги освоија бодовите.