Ракометарите на Охрид се радуваа на гостувањето кај Бутел во Скопје 20-22 (8-13) во првото коло од плеј-офот во Суперлигата. „Гладијаторите“ одиграа одличен натпревар и сигурно водеа, меѓутоа во завршницата дозволија домашниот тим да се врати резултатски, но не и да дојде до позитивен резултат.