• Горан Упале
Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас имаше вербална расправија со навивачите на грчкиот тим. Кошаркарите на Олимпијакос загубија од Монако во Пиреја со 77-80 во натпреварот од 32. коло од Евролигата.
Избраниците на Василис Спанулис на „црвено-белите“ им го нанесоа третиот последователен пораз во Евролигата, откако Олимпијакос претходно загуби и од Црвена Звезда и Асвел. По поразот од Монако, Барцокас влезе во вербална расправија со навивачите на Олимпијакос и лесно можеше целата ситуација да прерасне во поголем инцидент.
XAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXXAXAXAXAXAXAXAXAAXAXAXXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAXAAXAXA pic.twitter.com/yVfiTxuRvH
— (@Real_JimmyGreen) March 27, 2025
Сега, првото место на Олимпијакос е под закана, бидејќи Фенербахче може да го претекне доколку вечерва ја победи Басконија.