Новата сезона не ни започна, а веќе има проблеми во Марсеј. Игор Тудор, новиот тренер на клубот, има затегнати односи со некои играчи кои се побунија против неговите методи на работа. „Ла Прованс“ пишува дека хрватскиот тренер е пријатен и љубезен надвор од теренот, но дека се менува штом стапне на тревникот и на играчите не им се допаѓа што често им вика и им се впушта в лице.