• Саше Љолес

Јанис Адетокумбо би можел наскоро да го напушти тимот на Милвоки Бакс, каде настапува веќе дванаесет сезони, јавија доброупатени американски новинари.
Според нивните информации, Гркот сака да ја промени средината и да побара нов предизвик во кариерата, а за неговите услуги има огромен интерес од повеќе франшизи. Најсериозен кандидат е Бруклин Нетс, чија управа има нов проект за создавање силен тим за следните сезони, а доведувањето на Јанис било посочено како приоритетен трејд.
„Нетси“ сакаат да го донесат и Домантас Сабонис од Сакраменто, како и уште 2-3 потенцијални засилувања кои сериозно ќе го збогатат ростерот. Евентуалниот премин на Јанис во Бруклин би бил вистинска „бомба“ за навивачите кои сигурно немаат против да го пречекаат играчот кој сезонава бележи просек од 30,2 поени, 11,9 скока и 5,9 асистенции по натпревар.
Јанис Адетокумбо еднаш ја освои шампионската титула со Милвоки и двапати го доби признанието за најкорисен играч во лигата (МВП).