Бизарна повреда на Едвардс: По шут налета на противнички тренер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс славеа на гостувањето кај Бруклин Нетс (90-105) во НБА лигата. 

На овој дуел бизарна повреда заработи Ентони Едвардс. Првата ѕвезда на Минесота при еден шут чекорејќи наназад веројатно го згазна помошниот тренер на противничкиот тим Џорди Фернандес, па заработи повреда. 

Едвардс не можеше да го доврши мечот и во последната четвртина замина во соблекувалната. За среќа Минесота имаше стекната предност и стигна до победата.