ВИДЕО: Навивачите и играчите на ПАО ги нападнаа судиите, следува жестока казна

Непријатни сцени беа видени после евролигашкиот натпревар помеѓу Панатинаикос и Париз Баскет. Францускиот тим беше предводен од феноменалниот Ти Џеј Шортс и оствари гостинска победа, а домашните навивачи ги загубија нервите и во еден момент ги нападнаа судиите кога го напуштаа теренот. 

Оваа постапка сигурно ќе резултира со жестока казна за актуелниот европски шампион, кој не успеа да го надигра Париз и загуби во „ОАКА“ Арената со 98-101. Кон судиите се „нафрлија“ и дел од играчите, кои потоа беа смирени од тренерот Ергин Атаман. 

Најверојатно „детелинките“ ќе добијат висока парична казна, а не е исклучена и можноста следните неколку натпревари да ги одиграат без присуство на публика. Панатинаикос има скор од 20 победи и 12 порази во Евролигата.