• Зоран Мишевски
Новата сезона во шпанската кошарка започна со Суперкуп турнирот во Тенерифе. Ако не се сретнаа во борбата за титулата во Ендеса лигата, која пред неполни два месеци се одржа во Валенсија, Реал и Барса овој пат ќе играат за трофеј во Суперкупот.
Имено, Барса му се реваншира на првакот Басконија на Душко Ивановиќ за поразот во финалето на шампионатот и славеше со 68-72. Овој натпревар беше дебитантски за Шарунас Јасикевичиус на клупата и Ник Калатес на теренот. Абринес со 19 и Миротиќ со 13 поени беа најефикасни во победничкиот табор, а Питерс и Вилдоза со по 14 поени беа најдобри во баскискиот тим.
Реал Мадрид немаше лесна задача и дури во последниот квартал го скрши отпорот на Тенерифе (78-92). Руди Фернандез со 18 поени беше најдобар поединец на натпреварот, а ветеранот Марселињо Хуертас со 17 поени беше најдобар поединец во поразениот табор.
Големото финале се игра утре од 18:30 часот.