• Саше Љолес

Германскиот евролигаш Баерн Минхен доведе ново засилување за остатокот од сезоната. Во Германија пристигна поранешниот соиграч на Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, Џек Вајт.
Крилниот кошаркар ќе може да настапува само во Бундеслигата, но има клаузула за продолжување на соработката и за следната сезона.
Вајт досега беше играч на Мелбурн Јунајтед од Австралија, каде просечно бележеше 13,3 поени и 8,9 скокови по натпревар. Се очекува да добие голема минутажа во домашното првенство, каде ќе има задача да го „одмори“ првиот носител на екипата, Гордон Херберт, кој сигурно ќе има исцрпувачки натпревари во плеј-офот на Евролигата.