• Саше Љолес

Тренерот на Панатиниакос, Ергин Атаман, ги изнесе своите мислења по повод санкциите кои „детелинките“ ги добија по евролигашкото супер-дерби со Олимпијакос.
Актуелниот европски владетел беше казнет со 37,000 долари, а санкции беа изречени за Атаман, Кендрин Кан и сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос. Tренерот беше жесток во своите коментари и рече дека „Евролигата треба да се плаши од клубовите“.
„Овие работи ги минуваат сите граници. Јас сум еден од спонзорите на ова натпреварување. Се надевам дека ќе најдат некој друг да го покрие целиот буџет. Ќе ја платам својата казна, но добро би било Евролигата да најде некој подобар од нас, зашто НБА лигата мирно чека. Треба да се плашат од клубовите, а не да ни изрекуваат казни“, рече Атаман.
Дербито меѓу грчките великани се одигра на 14 март. Олимпијакос ја задржа лидерската позиција на табелата, додека ПАО е третопласиран со учинок од 18 победи и 11 порази.