Прволигашите без многу проблеми ја минаа првата пречка во Купот на Македонија, откако пласман во осминафиналето обезбедија екипите на Тиквеш, Работнички, Брегалница, Македонија ЃП и Пелистер.
Битолски Пелистер патува во наредната фаза во Купот на Македонија, откако во рамки на првата рунда убедливо (4-0) славеше над најстариот македонски фудбалски клуб, Љуботен од Тетово.
По вчерашниот супер-возбудлив натпревар меѓу Вардар Форино и Вардар, на кој актуелниот шампион на ПМФЛ едвај успеа да слави победа (по 18 изведени пенали), денес на програмата се останатите дванаесет натпревари од првото коло на овосезонскиот Куп на Македонија.
Екипата на Тиквеш без многу проблеми ја оправда фаворитската улога која ја доби пред мечот и со убедливи 1-5 (0-2) го совлада Љуботен во првото коло од Купот на Македонија.
Вчерашната голеада на Брегалница во дуелот со Ново Црнилиште означи старт на возбудувањата во Купот на Македонија. Денес на програмата се уште два натпревари. Во првиот Кит-Го Пехчево ќе го пречека победникот на натпреварувањето од пред три гсезони Пелистер. Битолчани се благи фаворити во двомечот, најмногу поради своето искуство, но сето тоа треба да го покажат на терен.
Тетовски Љуботен е најстариот македонски фудбласки клуб и оваа година прослави 100. години постоење, но има проблеми во опстојувањето, во организацијата, во условите за тренинг...