Екипите на Салернитана и Милан одиграа нерешени 2-2 (1-1), во натпревар од 17. коло на италијанската Серија А. Средбата на „Ареки“ понуди доста возбудувања пред двата гола, Милан водеше, па дозволи пресврт, за на крајот џокер да биде Лука Јовиќ, кој го извлече тимот од бламажа против „фенерџијата“ во лигата.