ВИДЕО: Сансет одново херој, со хет-трик сам ја победи Џирона

Екипата на Џирона им се врати на поразите во домашниот шампионат. Ланскиот хит во Примера сезоната никако не може да влезе во посакуваната победничка серија, па по триумфот во претходното коло над Лас Палмас, вечерва беше немоќен на гостувањето кај Атлетик Билбао (3-0). 

  • Извештај од натпреварот:

Баскискиот тим рутински ја заврши својата задача и со двата гола во финишот од првиот дел обезбеди нови три бода на своето конто, со кои се зацврсти на четвртата позиција на табелата и по двете врзани реми средби им се врати на победите во шпанското првенство.

Херој на Атлетик Билбао одново беше Оихан Сансет. 24-годишниот офанзивец, кој пред нешто помалку од еден месец го реши баскиското дерби со Реал Сосиедад, го одигра најдобриот овосезонски натпревар и мрежата на Џирона ја затресе трипати. Хет-трикот го најави во 42. минута, потоа стрелаше во првата минута од судиското надополнување, а точка на победата стави во 79. минута.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски поради повреда не настапи на овој натпревар.