Рибери: Можеа да ми ја отсечат ногата, само чудо ме спаси!

Поранешниот француски фудбалер Франк Рибери откри дека во еден момент од кариерата бил блиску до ампутирање на ногата, објавија француските медиуми.

Фудбалерот во интервју за „Л’Екип“ изјави дека инфекцијата која ја добил во екот на сезоната додека настапувал за италијанскиот клуб Салернитана му ставила крај на кариерата, но можела да го чини и ампутирање на новата.

„Коленото ми стануваше сè полошо и полошо. Не можев повеќе да тренирам. Одморав колку што можев за да се спасам. Потоа тестовите покажаа дека повеќе немам 'рскавица на коленото. Отидов на операција во Австрија која помина добро, ми вградија плоча", рече Рибери.

По пет месеци од операцијата се појави тешка инфекција. Францускиот репрезентативец изјави дека пиел многу таблети два месеци.

„Ми ја извадија плочата од ногата. Инфекцијата ме изеде. Состојбата беше толку лоша што имав дупки на ногата. Станува збор за бактеријата. Бев на интензивна нега 12 дена и бев навистина исплашен. Можеа да ми ја отсечат ногата. Само чудо ме спаси“, откри поранешниот француски репрезентативец.

Рибери својот врв на кариерата го достигна настапувајќи во Баерн Минхен со кого успеа да освои сè што можеше да се освои на клупски план.