Францускиот шампион ПСЖ се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, но вечерта во Бирмингем не помина без драма. Астон Вила беше на прагот на сензација, откако од 0-2 направи пресврт и поведе со 3-2. Сепак, „светците“ се одбранија во финишот и обезбедија место меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите, но останува впечатокот дека се доведоа во непријатна ситуација.