За разлика од Премиер лигата, каде бележи лоши резултати во последниот период и без победа е пет кола, Тотенхем сигурно чекори кон осминафинале во Лига Европа. Во рамките на седмото коло од второто по ранг натпреварување на УЕФА, а воедно и претпоследно, „петлите“ со 2-3 славеа на гостувањето во Германија кај Хофенхајм и сега се на прагот на пласман меѓу најдобрите шестнаесет екипи.