Екипата на Силекс му се реваншираше на Пелистер за поразот во Битола на стартот од шампионатот и со идентични 1-0 (1-0) славеше во Кратово и застана на делба на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Фудбалерите на Силекс уште во раната фаза од натпреварот му зададоа удар на Пелистер и поведоа со 1-0 во натпреварот кој се игра во рамки од 14 коло во ПМФЛ.