Ниту Шкупи не го совлада Пелистер во Битола. „Зелено-белите“ и во петтиот натпревар пред својата публика немаат пораз во ПМФЛ, откако со големиот фаворит од Чаир го поделија пленот и одиграа без погодоци во дуелот од десеттото коло (0-0).
Битолски Пелистер сè уште е без пораз на домашен терен во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а Вилдан Керим верува дека тоа ќе остане и по денешното соочување со Шкупи.
Екипата на Шкупи е во низа од десет натпревари без пораз против Пелистер, а капитенот Артан Иљази се надева дека оваа серија ќе продолжи и по денешното гостување во Битола.