Екипата на Работнички нема намера да застане оваа сезона и по десет одиграни кола остана единствена без пораз во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Дебар маало попладнево го среди и амбициозниот Гостивар со 1-0 (1-0) и со тоа остана на лидерската позиција на табелата со 22 бода, додека поразениот Гостивар е четврти со пет бода помалку од денешниот ривал.
Дерби дуелот од десеттото коло на Првата фудбалска лига е соочувањето на двата единствени непоразени тима, Работнички и Гостивар. Натпреварот на нашиот најголем стадион не нуди фаворити, а дебармаалци не кријат дека посакуваат победа,