Заврши двонеделната пауза од клупскиот фудбал, а денес со почеток од 15:00 часот ќе се одиграат сите натпревари од петтата рунда во Првата македонска фудбалска лига. Од шесте натпревари најголемо внимание треба да привлече дербито на „Чаир“ меѓу Шкупи и Шкендија, но доста интересно треба да биде и во Маџари, каде ќе се сретат Гостивар и Вардар, како и во Битола на средбата меѓу Пелистер и Струга Трим Љум.