Екипата на Пелистер имаше добар прволигашки старт и на домашен терен успеа да му одолее на засилениот Гостивар (1-1) кој во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) влегува со високи амбиции и со желба за пласман во евро-куповите. Ремито не е така лош резултат за битолчани, кои настапија без напаѓачите кои пристигнаа оваа лето, Мирко Ивановски и Лукас Кардозо.