Верувале или не, Шпанците веќе 74 години сонуваат за важна победа над Англичаните. Секако, кога се во прашање големите натпреварувања, односно Европските и Светските првенства. Последен пат тоа се случи на Светското првенство во Бразил далечната 1950 година. Тогаш, на славната „Маракана“ во Рио, Шпанците ги победија Англичаните со 1-0 со голот на нивниот тогаш најдобар стрелец, Телмо Зара, легендарниот голгетер на Атлетик Билбао.