Фудбалерите на Ливерпул ја запишаа четвртата победа во Премиер лигата, откако на својот „Енфилд“ рутински го преслушаа Борнмут (3-0). „Црвените“ беа одлични и со три брзи гола во првиот дел го решија прашањето за победникот. Сè останато во Ливерпул беше рутина и само довршување на задачата.